„Кога пуцам решетка“ е најновото парче музика од Зад Аголот екипа.
Марко од Зад Аголот го опишува неговиот пристап во рапот и принципите кои го опишуваат неговото дело во музиката низ годините. Песната е комплетно продуцирана во студиото на Зад Аголот од страна на Марко и служи како доказ дека Зад Аголот и понатаму продолжува да работи во полна пареа и ветува дека во блиска иднина следат многу изненадувања.