Конференција на тема „Моќта на креативноста“ на Машински факултет

Францускиот институт во Скопје повторно ја организира манифестацијата „Ноќ на идеите“ на заедничка тема „Моќта на креативноста“.

Се работи за меѓународен настан, за една широка средба посветена на современата мисла и на споделување на идеите на светско ниво.

Tемата за 2018 година e „Моќта на креативноста“ која ќе ги поттикне интелектуалците, истражувачите и уметниците од најразлични сфери во светот да дебатираат.

Во овој контекст, Францускиот институт во Скопје организира предавање и дебата на тема иновации, на која ќе учествуваат:

– г-дин Оливје Крузе, педагошки директор на Школата 42, којшто ќе ја претстави Школата 42 и дигиталната трансформација во образованието. Тој, воедно, ќе го претстави најголемиот европски стартап инкубатор Станица Ф,

– г-дин Волхан Салаи, единствениот жител на Балканот, кој е запишан на Школата 42 и работи во најголемиот европски стартап инкубатор Станица Ф (преку Скајп),

– проф. д-р Радмил Поленаковиќ, професор на Машинскиот факултет во Скопје, којшто ќе ја изложи ситуацијата во областа на иновациите на домашен план, и

– г-дин Кристијан Данаиловски, ко-основач на најголемата македонска компанија за анимации и визуелни ефекти – FX3X.

Конференцијата ќе се одржи на 8 февруари (четврток) со почеток во 18 часот, а модератор е Александар Стамболиев, претседател на Фондацијата „Димитар Стамболиев“.

Настанот се организира во соработка со Машински Факултет Скопје, Електротехнички факултет и Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Фондацијата „Димитар Стамболиев“.

Потребно е присуството да се најави на culture@ifs.mk