Њујорк е првата американска држава која го воведува образованието за ментално здравје во училиштата

Едно од пет деца на возраст од 3 до 17 години во Америка има ментална болест. Тоа e повеќе и од бројот на деца со дијатебес, рак и СИДА заедно.

Оваа бројка, која опфаќа 15 милиони деца, сепак не е изненадувачка. Научната заедница со децении алармира за менталните болести меѓу младите, апелирајќи од докторите, пациентите и просветителите да посветат време и ресурси за решавање на овој проблем.

Властите во Њујорк решиле да го направат првиот чекор и да стане првата американска држава која ќе донесе закон со кој се бара сите основни и средни училишта да го воведат образованието за менталните болести во нивната наставна програма. Исто како физичкото, образованието за менталното здравје ќе опфаќа различни области, стремејќи се кон тоа да го пренамени менталното здравје од „составен дел“ во „севкупно здравје“ и да им даде алатки на учениците за справување со нарушувањето во сопствениот живот.

Во случај да се покаже како успешен чекор, тоа ќе биде пример за останатите држави.

Според Националниот институт за ментално здравје, половина од доживотните ментални болести се појавуваат во периодот кога личност полни 14 години, а 75 проценти се појавуваат до 24 години. Покрај хиперактивно нарушување поради недостиг на внимание, други чести ментални болести кои се наоѓаат меѓу децата се и депресија, нарушување во навиките за исхрана, анксиозност и биполарно нарушување.

Иницијативата потекнува од Асоцијацијата за ментално здравје на Њујрок, невладина организација која работи на тоа да се стави крај на стигмата за психијатриските нарушувања. Претставници од организацијата напишаа документ од 19 страници во кој се споменуваат менталните болести кај децата, како и специфичноста и визијата на законот за имплементација.

„Непрепознаените, нетретираните и доцна третираните ментални болести го зголемуваат ризикот од кризи во менталното здравје, како што се самоубиство и самоповредување, ги намалуваат шансите за закрепнување и придонесува за злоупотреба на супстанции и други штетни негативни однесувања за справување “, се вели во извештајот.

„Многу возрасни ги пропуштаат или отфрлаат раните знаци и симптоми, а младите луѓе уште помалку ги препознаваат или да разберат што се случува со нив. … Резултатот често е трагичен, што е непотребно”.

Студија на Институтот покажа дека само 36 проценти од младите со доживотна ментална болест добиваат третман – но и тие се соочуваат со несоодветни следења. Според Институтот за детски ум, пак, непрофитна организација посветена на помагање на деца со ментално здравје и нарушувања во учењето, 80 проценти од децата со анксиозни нарушувања не добиваат никаков третман, ниту пак 60 проценти од оние со депресија.

Резултатите од овие нетретирани состојби можат да бидат катастрофални, велат оттаму. Децата и младите луѓе со ментални болести имаат пониски оценки во средно образование, поголем ризик од зависност и четири пати помалку шанси да бидат вработени. Од 2 милиони деца и младинци кои се уапсени секоја година, помеѓу 65 и 70 проценти имаат нарушено ментално здравје.

Пречките со кои се соочуваат младите луѓе со ментални нарушувања во надворешниот свет се повредите – понекогаш фатални – што тие самите ги нанесуваат. Секоја година, повеќе од 150.000 деца меѓу 10 и 24 години се третираат за самоповредување, а еден во 12 тинејџери се обидува да изврши самоубиство. Од оние што умираат од самоубиство, 90 проценти доживеале ментална болест.

Сепак, едно од решенијата кое се покажало успешно е „писменоста за менталното здравје”, односно образование на учениците за менталното здравје, така што ќе им помогне да ги одговора прашањата што ги интересира.

Концептот на писменост за ментално здравје беше пионер на еден австралиски истражувач по име Ентони Јорм, кој ја проучува идејата повеќе од една деценија. Во извештајот за 2012 година во списанието „American Psychologist“ тој открил дека оние кои биле учени за менталното здравје, поверојатно е дека ќе побараат помош од професионалци кога ќе се соочат со сопствените проблеми.