Со неколку музички документарци за Крафтверк, Лиса Жерар, Лу Рид и Дејвид Боуви, денес започнува Зимското издание на филмскиот фестивал за музички документарни филмови Skopje Cinema City, кое ќе трае 2 дена.
Денеска и во сабота, во Кинотека на Македонија, ќе можат да се погледнат филмови чии проекции беа дел од третото издание на ССС. Зимското издание е прв од четирите филмски настани што се планирани да се случат оваа година во различни периоди наречено „Четири годишни времиња“.
Програма за 02.02.2018 (Петок)
20.00– Kraftwerk: Pop Art (60 мин)
21.30– Лиса Жерар:Засолниште (Lisa Gerrard: Sanctuary) (90 мин)
Програма за 03.02.2018 (Сабота)
20.00 – Во сеќавање на Лу Рид (Remembering Lou Reed) (60 мин)
21.30 – Дејвид Боуви на БиБиСи (David Bowie at the BBC) (60 мин)
Цената на билет изнесува 100 денари, а картите можат да се купат на билетарницата на Кинотека на Македонија. Резервациите може да се направат од 16-19 часот на телефон: 02 306 5968.
Скопје Синема Сити, преку својата платформа, има за цел да претставува разни музички теми и програми кои истовремено ќе едуцираат и ќе забавуваат.