Јапонската корпорација СОНИ официјално ja најави следната генерација на нивната најуспешна конзола за игри, Playstation 4. По седум години изработка и развивање на новата конзола, таа ќе ја замени претходната верзија, Playstation 3, која е на пазарот од ноември 2006.
„Дневната соба повеќе не е центарот на универзумот на Playstation, тоа е гејмерот“. Веруваме дека Playstation 4 претставува промена од размислувањето за конзола или кутија“, вели Ендру Хаус, извршен директор на одделот за компјутерска забава во СОНИ.
Главниот систем-архитект на Playstation 4 , Марк Черни вели дека компанијата почнала со работа на новата конзола кусо по претставувањето на „тројката“. Следната генерација на популарната конзола содржи 8 гига рам меморија и нов графички процесор од АМД, надграден интерфејс, како и серија нови функции – од нов контролер до социјални опции кои нема да можат да се сретнат кај другите конзоли.