Суд во САД пресуди во корист на слаткарница која одбила нарачка за геј-свадба

Судот во Бејкерсфилд, во прилично конзервативен дел од централна Калифорнија, одлучи дека доколку се работи за веќе направена торта, слаткарницата не би имала право да не ја продаде, „под изговор во врска со расна, верска, полова или сексуална припадност”, пренесува МИА.

Меѓутоа, бидејќи станува збор за нарачка на торта, пресудата вели дека продавницата има право „да одбие да ги користи своите таленти за правење на тортата, доколку нивното дело се користи за прослава на заедница, со која нејзината вера не се согласува”.

Ејлин и Миреја Родригез тврдат дека тие не побарале никаква посебна торта, туку една од оние во каталогот, без посебен натпис или декорација.

Сопственичката на слаткарницата, Кети Милер ги упатила кон друг такoв објект, под изговор дека тоа се коси со нејзината вера и не одобрува истополови бракови.