Скопје и оваа година се приклучи на Интернационалниот ден за возење велосипед до работа во зима, 9 февруари.
Преку хаштазите #WinterBikeToWorkDay и #WBTWDSkopje, граѓаните преку социјалните мрежи утрово постираат фотографии од својот велосипед, како вртат педали до работа, а некои се сликаат и со своите пријатели точакољупци.
Оние што се вклучија во Интернациналниот ден се регистрираа и на сајтот winterbiketoworkday.org, со што се обврзаа дека ќе се движат на точак до нивната секојдневна дестинација, синхронизирано заедно со останатите во светот.
Целта е да се покаже дека нема лош ден за возење велосипед, и во зима, и во лето. Луѓето да излезат од комфорната зона и преку личен пример да покажат дека велосипедот е важен дел од транспорните текови и рамноправно учестува во сообраќајот со другите превозни средства.
Инаку, на оваа МАПА има локали кои денес ја поддржуваат акцијата со тоа што нудат топол пијалок за точакољупците, бесплатен пијалок или поповолни цени за некои производи/услуги.