Колумбиски студенти протестираа против сексизмот во мини здолништа

Колумбискиот универзитет се соочи со бројни реакции откако им препорача на студентките да не носат мини-здолништа за да не им го „одвлекуваат вниманието на соучениците и наставниците”.

Нарејувајќи ги овие препораки сексистички, студентите во четвртокот започнаа кампања со која ги охрабруваат сите, и машките и женските, да носат кратки здолништа во кампусот на универзитетот.

Универзитетот оваа препорака ја поставил на својата веб-страница. По јавните критики, се правдаа дека овие препораки биле објавени како генерални насоки.

„Универзитетот го почитува правото за искажување индивидуалност и никогаш не наметнал кодекс за облекување на учениците”, се вели во соопштението, додавајќи дека препораките биле главно насочени кон новите студенти.

Оригиналниот пост, сега избришан, се појави под наслов: „Како треба да се облекувате за да одите на факултет?”

Некои од советите беа претставени како унисекс, но имаше многу совети насочени кон жените.

Облекувајте се дискретно, стоеше во препораките, „ нема ништо понепријатно отколку да им го одвлекувате вниманието на своите соученици или наставници. Поради оваа причина, Ви препорачуваме да не носите длабоко деколте, кратки здолништа или тесна облека”.