Бирото за јавни набавки, во состав на Министерството за финансии, во насока на отворање на податоците ја направи јавно достапна платформата Отворени Податоци на веб страницата е-Набавки, за што денеска беше одржана и презентација за медиумите.
Вработени од Бирото за јавни набавки ја презентираа новата алатка „Отворени Податоци“, која овозможува сите заинтересирани страни да можат да прават свои анализи и истражувања за системот за јавни набавки или за конкретни институции и носители на самата набавка.
Целта на овој систем е зголемување на транспарентноста и отчетноста на институциите, но и овозможување на полесен пристап до информации за јавните набавки на граѓаните