Четиринаесетти ден по ред, работниците од „Веибо“ повторно излегоа на протест, блокирајќи го патот од г.п. Деве Баир – Крива Паланка – Куманово.
Револтот е насочен кон раководството на „Веибо Груп“, чиј погон не работи од 1 февруари, откако 210 вработени по истекот на договорите останаа без работа. Исто така, останаа и без исплатени три плати, придонеси за пензиско и здравствено осигурување и неплатени прекувремени работни часови.
Според најавите на работниците, блокадите ќе продолжат се додека не се реши нивниот проблем и се додека менаџерскиот тим не одговори на барањата за платите и придонесите.