Американската алтернативна рок група „Смешинг Пампкинс“ (The Smashing Pumpkins) најави повторно собирање и прва турнеја по 18 години, односно по 2000-та година.
„Смешинг Пампкинс“ на турнеја ќе биде од 12 јули до 7 септември со 36 настапи во САД и Канада.
Бендот на Твитер најави дека на концертите ќе бидат изведувани теми од првите пет албуми „Gish“, „Siamese Dream“, „Mellon Collie and the Infinite Sadness“, „Adore“ и „Machina“.
Од оригиналната постава единствено нема да биде првата басистка Д`арси Врецки, која е во лоши односи со фронтменот Били Корган.