Младите играорци од КУД Гоце Делчев од Делчево заедно со граѓаните на општина Делчево „мрднаа со прст“ за почисто Делчево.
Минусните температури не беа пречка 100тина млади деца и возрасни играорци да излезат и активно се вклучат во целодневната акција која се однесуваше на реновирање на летната сцена, чистење на кејот на реката Брегалница и градскиот парк.
Акцијата имаше за цел да се крене јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина и младите од различни етнички заедници да работат заедно и да се дружат.
„Младите докажаа дека преку дружба и забава може да се постигнат повисоки цели кои се за општо добро на сите граѓани на општина Делчево па дури и за посетителите на градот Делчево. Реновирањето на летната сцена придонесе кон продолжување на традицијата на одржување на различни културни манифестации, а исчистениот градски парк и кејот на реката Брегалница како централни места кои често се посетувани од страна на нашите сограѓани и туристи ќе ја потврдат и оддржат чистотата на нашето мало
планинско градче“, велат организаторите.
Оваа акција беше поддржана од страна на НВО КХАМ од Делчево во рамки на иницијативата ,,Мрдни со прст’’ и има за цел цел да ја подигне јавната свест за различните можности кои се во доменот на секој поединец како и да се понудат идеи за приднонес кон специфични активности во рамки на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат индивидуално, но и колективно