Бесплатни јога часови за деца со аутизам ќе се организираат од 24 март, во 18 часот, во Центарот здрава храна, ајурведа, јога и медитација ( Бул. „Св.Климент Охридски” бр. 48, Скопје). Часовите ќе ги водат Магдалена Манева и Соња Малиновска и асистентот Ирена Лозана кои имаат долгогодишно искуство во оваа област.
Јога е систем на физички вежби, употреба на техники за дишење и користење на визуелизација кои придонесуваат за подобрувањето на физичкото и менталното здравје на децата со аутизам и придонесуваат кон подобрување на целокупното живеење на целото семејство.
Воедно јогата ги развива моторните вештини, ја подобрува довербата и социјалните вештини.Јогата обезбедува сензорна интеграција, обезбедува техники за справување со предизвикувачко однесување за децата и за родителите, ја зајакнува самосвесноста а воедно и го развива емоционалниот мозок. Јогата е уредна и доследена а со тоа се овозможува лесно следење и учење на вежбите и техниките за дишење.
Иновативноста на овие часови е употребата на сликовити распореди, објаснувања на вежбите со слики и видеа. Користењето на овие системи ќе обезбедат успешна комуникација со децата, посочуваат од Центарот.
Часовите траат по 60 минути, а сите заинтересирани треба да пријават на 070 358 871 и 070 358 455 или на е-меил: artoflivingmacedonia@gmail.com.