Месецот на жената Контра кадар Скопје ќе го одбележи со едно од врвните ремек-дела на светскиот филм ,,Cries and Whispers” на шведскот режисер Ингмар Бергман.
Филмот изобилува со темите на местото на жената во општеството, светот, семејството, родовите улоги и сексуалноста.
Темата на оваа проекција е жените и филмот. Со тоа ќе се отвори прашање за прикажувањето на жените на филм, како и учеството на жените во светот на филмот.
Гостин на дискусијата ќе ни биде филмската критичарка и новинарка Марина Костова.
Проекцијата ќе се одржи утревечер (19 март) во 20 часот во кино Култура. Влезот е слободен.