Да се избере еден од најпрепознатливите цртани ликови за лажна возачка дозвола изгледа како нешто што би го направил и самиот Хомер Симпсон, но оваа недела британската полиција сопрела возач кој го сторил баш тоа.
Неидентификуван маж бил сопрен од полицијата во Милтон Кејнз минатава недела и на полицаецот му покажал возачка дозвола од ликот од познатата анимирана серија Симпсонови.
Лажниот документот, во вид на розовата возачка дозвола која се користи во Британија, дури имала и фотографија од цртаниот лик. Покрај ова, на картичката стоело дека таа припаѓа на Х. Симпсон, со адреса 28, Спрингфилд, САД.
Од Окружната полиција на Темза ја споделиле возачката дозвола на нивниот профил на Твитер, додавајќи дека возилото било запленето, додека возачот бил казнет за возење без соодветна возачка дозвола, а немал ниту осигурување, додавајќи ја во твитот познатата фраза „Да-а!“ која често ја изговара Хомер во серијата.
Earlier this week, @tvprp‘s PC Phillips stopped a car in Milton Keynes.
When she tried to identify the driver’s ID, she found the below…
The driver’s car was seized and he was reported for driving with no insurance and driving without a proper licence.
D’oh! ♀ pic.twitter.com/1IFWvJzyvH
— Thames Valley Police (@ThamesVP) March 15, 2018
Корисниците на Твитер, се пошегуваа со ситуацијата, веднаш посочувајќи на неточните информации во документот.
„Очигледно е дека е фалсификат. Хомер живее на улица 742 Евергрин Терас“, реплицирал еден корисник.