Родниот град на германскиот филозоф Карл Маркс слави 200 години од неговото раѓање поставувајќи семафори со неговиот лик.
Филозофот и автор на „Комунистички манифест“ е роден и израснат во Триер, во западниот дел на Германија, на 5 мај 1818 година.
Новите семафори беа ставени во употреба во понеделникот. Наместо вообичаените знаци на семафорот, зелено и светло ќе означува ликот на Карл Маркс.
„Триер ги покажува своите бои за Маркс“, изјави градоначалникот Волфрам Лајб.
Дополнителни семафори ќе бидат поставени во близина на родната куќа и музеј на Маркс во наредните недели.
Одбележувањето на годишнината од раѓањето на Маркс предизвика контроверзии во Триер откако градскиот совет лани донесе одлука дека ќе прифати бронзена статуа од филозофот од кинеската влада.
Скулптурата ќе биде поставена во мај, но според критичарите тоа би значело чествување на Маркс, игнорирајќи го страдањето што било предизвикано поради комунистичката идеологија во 20-тиот век.