Само нешто над половина од запишаните студенти на американските унивезитети ги завршуваат студиите навреме, покажува најновиот извештај на National Student Clearinghouse Research Center. Во истражувањето биле опфатени над 1.9 милиони студенти, запишани за првпат во високообразовна институција во 2006. Само 54.1 проценти од нив дипломирале во рок од 6 години. 16.1 проценти и натаму биле запишани на некаква академска програма, а 29.8 проценти целосно се откажале од студирањето.
Како што може да се види, многу од студентите кои на крајот дипломирале, тоа успеале да го направат во различна образовна институција од онаа во која ги започнале студиите. Од вкупниот број на запишани студенти, 9.1 проценти дипломирале на универзитетот на кој се префрлиле.
Деталното истражување е достапно и во одлично изведена интерактивна презентација.