Расте бројот на доктори на науки, лани докторирале 209 лица

Лани со звањето доктор на науки се стекнале 209 лица, што претставува зголемување за 6,1 процент во споредба со претходната година, соопштија од Државниот завод за статистика.

Во областа на општествените науки докторирале 47,8 отсто, на медицинските науки 22 проценти, потоа хуманистичките науки со 11,5 проценти, а останатите доктори се во областа на техничко-технолошките, природно-математичките и биотехничките науки.

Лани доктори на науки станале 123 жени, што е 58, 9 отсто од вкупниот број лица кои докторирале минатата година.