„Блек енд вајс соушл клаб“, „Морфеј“ и „Никеја“ гости на „Рок-фест“

Кумановскиот бенд „Морфеј“, скопските „Блек енд вајс соушл клаб“ и „Никеја“ ќе настапат на втората ревијална вечер на „Рок-фест“, која ќе се одржи на 29 април во концертната сала на Младинскиот културен центар во Скопје.

Со тоа практично е затворена програмата на ревијалните вечери, додека, пак, имињата на групите што ќе свират во натпреварувачкиот дел на 27 април, ќе бидат објавени за една недела, бидејќи огласот за пријавување сѐ уште е отворен и трае до 1 април.

Инаку, на 28 април, веќе е потврден настапот на скопските бендови „Визија“ и „Стил темпл“, чиј настап на „Рок-фест“ е целовечерен концерт со кој ќе го промовираат своето винилно издание од својот втор албум „Nobody’s Slaves“.