Музеј за селфи во Лос Анџелес од вчера е отворен за јавноста. Интерактивната изложба, организирана од Томи Хонтон и Таир Мамедов, ќе го слави овој феномен и неговата историја во наредните два месеци.
Во овој музеј селфито е задолжително. Во него, се разбира, може да се најдат огледала, како и изобилство од интересни факти за овој тренд.
Хонтон и Мамедов гледаат на овој концепт како нешто повеќе од правење фотографии.
„Селфито има изненадувачки богата историја, и се навраќа уште во времето кога луѓето создаваат уметност“, објасни Хонтон.
„Рембрант направил илјадници автопортрети, Албрехт Дирер направил пет, а Ван Гог дузина. Тие правеле портрети од себе, така што која е разликата“, вели тој.
„Да, уметничката техника е една работа, но во реалноста, ако постоеле мобилните телефони и камерите, сите ќе ги правеле“, додава тој.
Друг, сличен музеј посветен на селфи фотографиите е отворен на Филипините во 2015 година. Во меѓувреме, во Глендал, предградие во Лос Анџелес, изложбата е последна во низата музеи кои се појавија изминатиот период.