На големата сцена на Македонската опера и балет утревечер, 13 април, со почеток во 20 часот тенорот Благој Нацоски ќе одржи соло-рецитал, придружуван од пијанистката Јанинка Невчева.
На рециталот со наслов Sole e Amore или „Сонце и љубов“ ќе се изведат композиции од повеќе познати автори како: Винченцо Белини, Реиналдо Хан, Џоакино Росини, Џакомо Пучини, Франческо Паоло Тости и Бенџамин Бритн.
Во сите соло песни ќе преовладуваат токму љубовта и сонцето, односно со претежно весел карактер, кој буди оптимизам кај слушателот. Циклусот „Венеција” од Рејналдо Хан ќе биде изведен за првпат во Македонија.