Archona Games, креаторите на Small Star Empires и Galactic Warlords: Battle for Dominion, за само четири часа во целост успеаа да ја финансираат Kickstarter кампањата за втората едиција на Small Star Empires која содржи две нови експанзии, објави Nomads.
Small Star Empires e игра што може да се намести и игра за половина час, што ја прави одлична мала игра која можe да се игра било каде. Својата препознатливост, Small Star Empires, освен од одличниот artwork на Милан Тасевски, ја добива и од едноставноста и брзината што ги нуди оваа игра.
Во првата од двете експанзии, наречена The Galactic Divide, додадени се 4 нови цивилизации, уникатни способности, battle-stations и power tracks и сето тоа без да се наруши едноставноста на играта. Целта на овие додатоци е да додадат повеќе опции за собирање поени и креирање на акции согласно способностите на вашата цивилизација. Со ова, можете да правите повеќе акции во текот на еден круг, подобро да го планирате наредниот круг и да бидете подобри во играта.
Во втората од двете експанзии, наречена Dawn of Discoveries, акцентот е ставен на новитетите како ресурси или минерали и Research Stations кои ќе ја подобрат играта преку понуда на технологии, доколку ги имате правите ресурси во рака. Секако, поентата на играта е да ја освоите галаксијата, така што секој минерал што се наоѓа во ваша рака носи повеќе поени за остварување на акциите што беа спомнати во претходната експанзија.
Можеби звучи комплексно и чудно, но во реалност играта е многу полесна и многу поинтересна од она што изгледа.