Најавена пиратската Assassin’s Creed IV: Black Flag

Фаќајте се за румот – новата Assassin’s Creed не носи на Карибите. Француското студио Ubisoft денес обелодени детали околу шестото продолжение на успешниот псевдо-историски серијал видеоигри, меѓу кои се и нов протагонист, нов временски период и нови предели за истражување.

Assassin’s Creed IV: Black Flag не става во улога на гусарскиот капетан Edward Kenway, предок на протагонистот од третиот дел, Connor Kenway. Како Edward ќе ги истражуваме Хавана, Кингстон и Насау во 18 век, како и голем дел други локации во Карипското море. Творците на Black Flag ветуваат подводни авантури, лов на китови, возбудливи поморски битки и се разбира, скриени тропски островчиња со закопано богатство.

 

Assassin’s Creed IV: Black Flag излегува на 29 октомври за PS3, PS4, Xbox 360, WiiU и PC.

Андреј Спасовски @anndrej