Грејс Џонс доаѓа на „Егзит“

Една од најголемите современи уметнички, јамајканската музичка и филмска икона, и супермодел – Грејс Џонс ќе настапи оваа година на „Егзит“.

Таа е една од женските музички изведувачи кои ја воведоа авангардната уметност во светските музички текови.

Меѓудругото, „Вог“ (Vogue) ја прогласи за „ултимативна модна муза“, а музичкиот авторитет „Ролинг Стоун“ за „неодолива уметница, модна икона и симбол“.

По премиерата на филмскиот фестивал во Торонто, долго сниманиот документарен филм за животот на фасцинантната арт-рок аристократка, „Grace Jones: Bloodlight & Bami“, ќе има и своја светска кино-премиера оваа пролет, токму пред старт на нејзината турнеја со која доаѓа и на Тврдината во Нови Сад.