Најдобрите 100 светски универзитети според репутацијата

Американскиот универзитет Харвард е на врвот на најновата листа на светските високообразовни институции според репутацијата, која ја изработува часописот за образование Times Higher Education. Универзитетите се рангираат според предавањето на знаењето, професорите, истражувачките програми и меѓународната отвореност. Рангирањето се смета за збор од субјективни оценки, но во оценувањето учествуваат угледни професори од стотици светски универзитети.


На второто место на оваа листа е Институтот за технологија од Масачусетс (МИТ), а по него се
Универзитетот Кембриџ, Оксфорд, Беркли, Принстон и Стенфорд. И во ова рагнирање, на врвот доминираат
универзитетите од Соединетите амеркански држави, а вкупно на листата има 40 американски колеџи.

Велика Британија е втора земја според бројот на високообразовни институции на листата (од Островот
доаѓаат 9 универзитети), а трета е Австралија, која има шест претставници меѓу најдобрите 100 според
репутацијата. Меѓу првите десет, Универзитетот во Токио (на 9-тото место) е единствениот кој не доаѓа од САД или од Британија.