Утре и во сабота на две локации во Делчево жителите ќе имаат можност да им дадат поддршка на младите од градот за отворање на културен центар.
Петицијата, како иницијатива на невладината организација „Младите можат“, ќе се потпишува пред спомен домот АСНОМ (кај влезот на општината) и пред ресторан „Либеро“.
Утре пунктот ќе биде отворен од 14:30 до 20:00 часот, а во сабота од 09:00 до 20:00 часот.
„Младинскиот културен центар е замислен како место во кое младите од Делчево ќе можат на квалитетен начин да го поминат своето слободно време“, велат иницијаторите на петицијата.
„Дојдете! Вклучете се! Поддржете не! Потпишете!“, се вели во апелот.