Хуманоидниот робот Рајд, висок речиси четири метри може за 1 минута да се трансформира во автомобил. Тој вчера беше претставен во Јапонија, како дело на Кенџи Ишида, директор на компанијата „Брејв роботикс“.
„Пораснав верувајќи дека роботите треба да бидат способни да прават такви работи и стана моја мотивација да развивам вакви роботи“, изјави Ишида.
Сино-белиот робот може да превезува двајца патници кога се трансформира во автомобил.
За некои ова претставува „скапа играчка“, но како што вели Ишида, ова го направил за да ги инспирира останатите.