Еко- видео, аудио џинглови и многу фотографии беа создадени викендов за време на заедничкото дружење помеѓу членовите од Медиа Арт клубот Скопје и волонтерите средношколци од училиштето „UWC Atlantic College“ во Велс. На средбата која се одржа на 3-ти март во организација на Младинскиот образовен форум, присутни беа ученици кои доаѓаат од различни земји од светот,од Норвешка, Малезија, Македонија, Канада…
Според агендата, во првиот дел од денот се слушаа три предавања, за човекови права, животна средина и онлајн активизмot.
Остатоткот од времето, присутните беа поделени во 4 групи според алатката која сакаат да ја користат. Се работеше на создавање аудио, видео, стенсили или стикери.
На работилницата беше создадено и ова еко видео инспирирано од „екологијата“ во центарот на македонската метропола.
Вљубениците во графиката пак работеа на создавање стикери за темите кои се разгледуваа во текот на утринските часови.
Целта на „Меѓународниот арт пикник“ беше да се соберат ученици од повеќе држави и гласно да размислуваат за човековите права, животна средина и онлајн активизамот, а потоа своите ставови да ги искажат преку создавање креативни активистички содржини.
фотографија на Сара Стојчевска