[Галерија] Во Парк се менуваа сликички за Светското првенство во Русија

Колекционерите кои го пополнуваат албумот за претстојното Светско првенство во фудбал, организирани преку социјалните мрежи, денеска се собраа на „фонтана“ во скопскиот Градски парк за размена на сликичките.

Како што може да се забележи и од фотографиите, на настанот присутни беа граѓани од сите генерации.

Светското првенство 2018, на кое ќе настапат 32 национални репрезентации, ќе се одржи во Русија од 14 јуни до 15 јули.