„Борд Гејм Он!“ ги повикува сите љубители на друштвени игри на тридневно дружење (11 – 13 мај) во МКЦ со делата на Final Frontier Games, Archona Games и Lynx Animation Studios.
Игрите ќе бидат достапни за играње на самата изложба. Дополнително, во сабота (12 мај) од 15:10 часот е најавено предавање на Марио Савоски за друштвени игри.
„Целта на оваа дружба, преку изложување, промовирање и играње на друштвените игри е да ја покаже активноста на оваа уметност во Македонија, а преку предавањето за креирање и продукција, да привлече голем број на заинтересирани гејмери да се занимаваат со создавање на друштвени игри, како аматерски, така и професионално. Сместени сме горе, по скалите, на први кат, и ќе ве чекаме со раце полни дружба“, стои во најавата за тридневниот настан во МКЦ.
Инаку, настанот е дел од овогодинешниот фестивал Skopje kreativa – Festival for creative industries / 7 Times 2 Creativity.