Кино Култура во соработка со Култренинг во мај организираат неколку отворени часови за изучување техники на современ танц и истражување на движење.
Секој понеделник, во 17.30 часот локални и меѓународни танцови уметници со професионално искуство и едукација во областа на современиот танц ќе држат часови.
Тие ќе бидат отворени за сите заинтересирани за поинаков пристап кон телото, движењето и современиот танц.
На часовите ќе има импровизација, соматски пракси, балет, јога, современ танц, техники за релаксирање…