Спортскиот клуб „Клисура” од Демир Капија во соработка со општина Демир Капија го најави петтото продолжение на интернационалниот фестивал за спортови во природа International OUTDOOR festival 2018
Оддржувањето на сите спортско-рекреативни и други активности во склоп на фестивалот ќе се случуваат на територијата на општина Демир Капија.
Целта на овој голем настан е преку рекреативното спортување во природа и дружење, и ширењето на позитивните вибрации да се постигне зајакнување на вредностите помеѓу младите, толеранција, почит на различности, еколошка свесност, здрав начин на живеење, креативен активизам итн.
„По овој повод ги покануваме за соработка и учество сите спортски федерации и клубови на планинари ,велосипедисти, алпинисти, кајакари, параглајдеристи, извидници, спелеолози и сите љубители и почитувачи на природата и доброто незаборавно дружење“, велат организаторите.
Целосната програма може да ја погледнете на следниот ЛИНК.