Реактор: Македонија нема жени градоначалници, а 75% од работодавците се мажи

Дури 90% од жените ги извршуваат домашните обврски целосно сами, додека само 10% од мажите помагаат во домашната работа, се вели во последното истражување на Реактор. Мажите доминираат и на пазарот на труд, каде 61% од економски активното население го сочинуваат мажи, додека процентот на жените е помал и е 39 %.

Поразително е што Македонија во 2013-тата година нема ниту една жена градоначалник а освен тоа, дури 75% од работодавците во земјава се мажи. Од сите изјави дадени во информативните емисии и вести, повторно доминираат мажите со 81% а само 19 % жени.

Интересно е што жените сепак водат во делот со образованието, ако се земат во предвид податоците од истражувањето, каде 57% од дипломираните на додипломски студии се жени а 43% се мажи.

К.О.

Инфографик-Реактор