Министерството за образование и наука денеска ги објави резултатите од конкурсот за студентски стипендии тип В, наменети за студенти од социјалните категории во тековната 2012/2013 година.
Од Министерството соопштија дека сите оние студенти кои се пријавиле и доставиле соодветна документација согласно „Конкурсот за доделување стипендии на студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2012/2013 година“, и на кои Комисијата им доделила стипендијата од ТИП “В“, дека треба да достават соодветна документација до оваа институција.
Рокот за доставување на документите е до први април, а документите се доставуваат по пошта на адреса на Министерството за образование и наука.