Од денеска во центарот на Скопје почна со работа новиот Музеј на илузии – Илузиум кој се претставува како еден поинаков свет каде фантазијата е реалност, а илузијата вистина.
Музејот има повеќе соби, галериски експонати, реквизити и кафе бар со сувенирница, а е отворен за забава на луѓе од сите возврасти. Меѓу понудата е посетителите да уживаат во процес на губење на гравитација, да го почувствуваат стравот во лифтот без дно и да ја доживеат извртената перцепција во превртените соби.
Музејот се наоѓа на улица „Максим Горки“ бр. 10, спроти швајцарската амбасада. „Илузиум” ќе работи секој работен ден од 8 до 20 часот, а за време на викендите од 9 до 20 часот.