Младински образовен форум организира видеоработилница за подобро препознавање и справување со дезинформации пласирани во медиумите која ќе се одржи од 18-20 јуни, 2018 во Велес.
На обуката ќе се зборува за дезинформациите и какво влијание имаат врз нашето население и врз светот. Обуката ќе служи за теоретска поткрепа на учесниците и изучување на изработка на видеа, вештини кои ќе се употребат и во текот на самата обука. Право на учество имаат лица на возраст од 15 до 25 години кои сакаат да научите нешто повеќе за дезинформации, медиуми, како и да учествуваат во тимот кој ќe снима и монтирa видео материјал од областа на дезинформациите.
Што?
За време на тридневната работилница, младите учесници ќе научат што се тоа дезинформации и како се снима и монтира кратко видео.
Каде?
Работилницата ќе се одржи во малата сала на Општина Велес.
Кога?
Од 18-ти до 20-ти јуни.
Кој може да аплицира?
Млади од Велес на возраст од 15 до 25 години
Како се аплицира?
Аплицирањето се врши на следниот линк најдоцна до 16.06.2018 (сабота).
Освежувањето е обезбедено од страна на организаторите. Пријавените треба да присуствуваат на целата работилница. Работен јазик е македонски.
Повеќе информации за повикот на fari_hiseni@mof.org.mk, 071 396 612
*Оваа активност е дел од Нeделата на граѓански организации поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество – серија од настани кои ја промовираат работата на граѓанските организации пред пошироката јавност, организирани во периодот од 18-23 јуни 2018 низ Република Македонија.