Рациново признание за Игор Станојоски и романот „Диссомнии“

Игор Станојоски за романот „Диссомнии“ во издание на „Антолог“ е добитник на Рациновото признание за 2018 година.

Почесно признание добија Дијана Влатковиќ и д-р Борјана Прошев-Оливер од Хрватска за Хрватско – македонски речник.

Наградата „Антологија на болката“ за електронска објава ја доби Емилија Каранфиловска за „Изградив дом во твојот поглед“.

За наградениот роман, жирито истакна дека станува збор за компактно и комплексно дело, за извонреден ракопис, книга за која верува дека ќе биде во самиот врв на македонската прозна продукција и која ќе си го најде патот до читателите.

Христо Петрески, член на жирито, најави дека наскоро на „Рациновите средби“ ќе се доделува и меѓународна награда за најдобра поезија.

Рациновите средби завршија со концерт на етно групата „Љубојна“. Годинава, се одбележуваа 110 години од раѓањето и 75 години од смртта на Коста Солев Рацин.