Тимот на „LARP Macedonia“, во соработка со „Old School Cafe“, вечерва организира тематска забава „The Unholy Masquerade“, во чиј склоп ќе се одржи проекција на филмот „What we do in the shadows“ во режија на Таика Ваитити.
„По завршувањето на проекцијата следува музичкиот дел за кој ќе се погрижат Dominion Events, како и мини маскенбал инспириран од филмот каде што секој посетител по желба ќе има можност да донесе своја маска“, стои во соопштението за настанот.
Настанот е најавен од 20 часот во „Old School Cafe“.