Социјалната мрежа Твитер во иднина од новите корисници ќе бара електронска адреса или телефонски број, како дополнителна мерка за сузбивање на злоупотребите.
„Тоа е важна промена за заштита на приватноста на корисниците“, наведуваат од компанијата.
Мерката ќе стапи во сила оваа година и нема да ја загрози активноста на новите корисници.
Твитер ја започна борбата против програмата за автоматско праќање на пораки која се користи за пропаганда, особено политичка.
Во мај, друштвената мрежа објави дека идентификувала повеќе од 9,9 милиони такви автоматски профили, кои потенцијално служеле за „спамирање“ на другите корисници.