Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и владата се согласија да не ја продолжуваат вонредната состојба во државата откако тримесечниот период ќе заврши во јули, објави провладиниот весник „Сабах“.
Вонредната состојба беше воспоставена по обидот за воен удат во јули 2016 година и оттогаш се продолжуваше на секои три месеци. Ердоган изјави дека ќе ја повлечи доколку победи на изборите од 24 јуни.
Тој победи со 53 отсто од гласовите на претседателските избори, продолжувајќи го неговото владеење до 2023 година – но, сега со поголема извршна моќ откако Турците го дозволија тоа со референдум минатата година.
Вонредната состојба им дозволуваше на Ердоган и владата да го заобиколат Парламентот при донесување на нови закони и да суспендираат права и слободи.