Стотици уапсени на протестите против политиката за имиграција на Трамп

Речиси 600 жени беа уапсени вчера во една од неколкуте демонстрации низ целата земја, протестирајќи против третманот на администрацијата на Трамп врз семејствата на мигранти на јужната граница.

Демонстрантите побараа затворање на семејниот притвор, да се создадат услови за повторно обединување на семејствата и да се укине Имиграциската и царинска контрола на САД.

Демонстрантите маршираа и покрај Министерството за правда. Тие извикуваа „Што сакаме? Слободни семејства!” и „Еве како изгледа демократијата”.

Околу 575 лица беа уапсени и обвинети за незаконско демонстрирање во една од државните институции, вклучувајќи ја и пратеничката Прамила Џиапал, која рече дека е „горда што е уапсена со нив”.

Мриналина Чакраборти, шеф на теренските операции и стратегија за Женскиот марш, рече дека демонстрациите се со цел за мотивирање на промените.

„Масовниот чин на ненасилна граѓанска непослушност изгледа како вистински пристап токму сега за испраќање на ударни бранови низ системот”, рече Чакраборти. „Марширањето веќе не е доволно”.

„Време е да се жртвуваме, да ги ставаме нашите тела на линијата, бидејќи не сакам да бидам една од тие луѓе 30 години подоцна, кога ќе се сеќаваме на ова време размислувајќи што правев тогаш”, рече Чакраборти. „Сакам да бидам во можност да кажам дека се борев и дека сторив сé што е во моја моќ за да ги заштитам маргинализираните”.

Во Браунсвил, Тексас, неколку стотици луѓе се собраа пред сојузната судница, во знак на протест против политиката на разделување на семејството. Браунсвил е граничен град на реката Рио Гранде од мексиканскиот град Матаморос.

Настанот привлече демонстранти од целиот Тексас, вклучително и едукатори и црковни активисти.

 

Собирот беше организиран од Американската унија за граѓански слободи.

Фаз Шакир, национален директор на унијата, рече дека групата ќе се спротивстави на сместувањето на мигрантите на воени бази.

„Семејствата не припаѓаат во затвор. Семејствата не припаѓаат на воени бази”, рече Шакир. „Ние буквално ги третираме како да се Осама бин Ладен или друг терорист кој треба да биде затворен во воена база. Тоа е непристојно”.