Во познатата песна се вели: “Течи Пено, течи мирно..” Но дали песната можела некако да ја предвиди матната иднина на оваа река која тече во срцето на градот Тетово? Секако дека не. Дали некој би можел да предвиди дека таа ќе стане живеалиште на отпадоци и уреди за домаќинство, наместо на широк и разнообразен животински свет. Суровиот факт е дека како што времето одминува луѓето се повеќе се насочени кон искористување на природата, наместо кон нејзино зачувување. Ова е ера во која владее технологијата и совршеноста на умот, но не и моралот на луѓето. Кога човечкиот вид почна да се вбројува во групата штетници?! Време е да се вратат еколошките начела кај луѓето и да се помогне во опстанокот на она малку што ни остана од природата, а пред се од нашата гордост – реката Пена!
Фото-сторијата ја изработија Дарко Темелков, Христина Сибиновска и Кристијан Костески, членови на медиа/арт клубот на Младински образовен форум од Тетово .