Од вчера во Албанија стапи во сила забраната за употреба, производство и продавање на бионеразградливи кеси. Целта е да се заштити животната средина од еден од најголемите загадувачи во државата.
Министерот за животна средина Бленди Киоси соопшти дека сите бизниси кои ќе користат пластични кеси под 35 микрони ќе добијат казна од 7900 до 11 800 евра.
Со забраната, Албанија е првата држава во регионот која ќе запре со користење на лесните пластични кеси.
Инспектори ќе извршат теренска проверка во 70-тина компании кои се вклучени во производство на пластични кеси од наредната недела, по што ќе следува проверка и на супермаркетите и помалите продавници, кои досега ги нудеа бесплатно.
Само мал дел од супермаркетите во моментов ги наплаќаат кесите како дел од иницијатива за употреба на еко-пријателски кеси.
Властите велат дека пластичните кеси придонесуваат со пет отсто од загадувањето во државата и се еден од поголемите проблеми на локалните заедници, често предизвикувајќи поплави поради блокирање на канализациски системи и шахти.
Пластичните кеси и другите амбалажи на крај завршуваат во животната средина, ги загадуваат улиците, реките, наштетувајќи на развојот на туристичката индустрија на Албанија.
Во обид да ја заштитат животната средина, албанските власти, исто така, планираат да ја дисциплинираат циркулацијата на стари автомобили и локациите за собирање отпадоци.