„Ова е Евгенија. Таа е младински работник, извидник, студент. Позната на сите граѓански организации во Струга како голем ентузијаст кој силно се вложува за зaедницата. Како таква таа е неодминлив учесник на многу меѓународни размени, каде стекнува вредно искуство и интеркултулно знаење. Волонтира на ДримОН од неговото прво издание. Нејзиниот ангажман е толку значаен, што без неа не можеме. Токму затоа од минатото издание станува клучен дел од тимот, задолжена за мобилизација и координација на волонтери. Биди и ти како Евгенија!“.
Вака гласи повикот за волонтери на фестивалот ДринОМ, кој ќе се одржува на 25 – 29 јули во Струга.
На фестивалот може да волонтира секој со наполнети 14 години.
„Пријави се (Име, презиме, контакт телефон) со порака на нејзиниот фб профил Евгенија Узунова и очекувај да си поминеш со нас незаборавно лето, да стекнеш нови искуства и знаења и да направиш убаво дело за заедницата, со кое ќе се гордееш!“, стои во повикот на ДримОН.
Пријавите се очекуваат до 16 јули.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Фондацијата Отворено општество.