Со неколкуминутен огномет и настап на еден од најдобрите современи балетски уметници, Сергеј Полуњин, синоќа официјално започна 18. издание на Егзит, на Петроварадинската тврдина во Нови Сад.
Настапот на Полуњин, придружуван од „Алмазијан симфони“, зборуваше за слободата на размислување и да се биде свој, покажувајќи го тоа преку нивната моќна кореографија.
Претходно, атмосферата ја загреаја настапите на домаќинскиот бенд „Фрајле“ и американската пејачка LP. Публиката во еден глас ги пееше сите нејзини постари, но и нови песни.
Во текот на вечерта, на главната сцена настапија арт-поп сензацијата Фивер Реј и популарното трио Мигос.
Голем интерес предизвика и Amelie Lens со својот диџеј сет на Денс Арена.
По Д Фестивал во Дојран, трип-хоп уметницата Севдализа, настапи и пред публиката на Егзит. На Explosive сцената, пак, голем интерес предизвика настапот на Dog eat dog. Како и секоја година, одлична забава приредија и дечките од Silent Disco.
Првата вечер на Егзит заврши со транс журка до раните утрински часови.
Се читаме утре, но дотогаш – лека ноќ, тимот на Радио МОФ се одмора.