Дали се чувствувате безбедно кога сте #НаТочак? Дали ги пријавувате сообраќајните судири кога ќе се случат?, прашуваат од иницијативата НаТочак, која континуирано ги анализира подотоците објавени во дневните билтени на МВР.
Според НаТочак, последното ажурирање на податоците покажало дека во последните неколку месеци состојбата е влошена. Во април, мај и јуни имало по 8 пријави, што досега беше максимален број на пријави во еден месец во последните 4 години.
„Од 17 сообраќајќи меѓу велосипед и автомобил, 9 жртви биле малолетни деца Во последните четири месеци се случиле 18 сообраќајни незгоди од кои 13 завршиле со тешка телесна повреда“, анализираат од НаТочак.
Од тами прашуваат дали ова ќе го освести МВР и ќе се почнат поригорозни контроли за казнување на прекумерната брзина?
„Дали ова ќе ги натера МВР и Центарот за управување на сообраќајот да почнат да ги користат камерите на главните крстосници низ Скопје за казнување на возење над ограничената брзина? Ќе се развие ли стратегија за поставување на физички мерки за смирување на сообраќајот во секое маало? Ќе се размисли ли за дизајнот на улиците кој сега ја мотивира прекумерната брзина? Сообраќајните судири мора веднаш да престанат да се викаат несреќи, зoшто несреќи е термин кој ослободува од одговорност (виша сила) и создава претстава на немоќ нешто превентивно да се направи“, прашуваат вело-активистите.
„Бараме од Министерството за внатрешни работи, РСБСП и Град Скопје да реагираат веднаш на ваквиот тренд на податоци и да преземат итни и суштински мерки за решавање на нашата небезбедност на улиците, како велосипедисти и пешаци“, велат од НаТочак.
ТУКА може да погледне целата анализа на пријавите поврзани со велосипедизам во дневните билтени на МВР.
Извадоци од МВР дневни билтени (2015-2018) – ТУКА.
Повеќе за предлог мерките – ТУКА.