Во рамки на одбележувањето на 55 годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес, под мотото „Солидарноста се враќа дома“, вечерва свечено беше одбележано враќањето на буквите од пораката на Јосип Броз Тито на источната страна на Музејот на град Скопје.
Станува збор за пораката која претседателот на СФРЈ ја кажал на 27 јули 1963, ден по катастрофалниот земјотрес, и која гласи: „Скопје доживеа невидена катастрофа, но Скопје повторно ќе го изградиме со помошта на целата наша заедница. Тоа ќе стане симбол на братството и единството, на југословенската и светската солидарност.“
Во рамки на овогодинешното одбележување на годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес, која се одржува под мотото „Зборува Скопје“, наредниве денови ќе се организираат голем број на активности и настани.