Комарците и официјално се забранети во село во западна Франција, откако локалниот градоначалник одлучи дека треба да преземе решителни мерки за решавање на долготрајниот проблем. Андре Маршанд ова го стави во официјалниот декрет во неговото село Бриолај, западна Франција на почетокот на јули.
Потегот уследи откако по силните поплави во јуни се слуши инвазија на комарци во селото покрај реката Сарта. Локалните жители се жалеле дека постојано биле искасани од комарци, а градоначалникот Маршан сметал дека е време да го врати ударот.
Но, целта на декретот на градоначалникот не биле комарците, за кои знаел дека нема да се го „почитуваат“ декрeтот.
„Јас бев постојано запиран и распрашуван (за проблемот со комарците) од многу жители на Бриолај, па советникот ми рече да напишам декрет против комарците”, изјави градоначалникот.
„Ова беше само хумористичен гест, за локалните жители да сфатат дека не можам ништо да направам. Повеќето од нив сметаа дека е смешно. Сега е подобро, имаме многу помалку комарци, многу се мртви, но тоа не е поради декретот“.
Градоначалникот, исто така, презеде конкретни мерки против комарците, меѓу кои и поставување на три т.н. „стапици за комарци“ кои ги привлекуваат комарците со феромони, а потоа ги убиваат со јаглерод диоксид.
Локалните жители, исто така, купуваа слични стапици за сопствените градини.
„Ние не сме 100 отсто среќни и очигледно се потребни повеќе стапици, но не можеме да ги ставиме низ целиот регион“, рече Маршанд.
Но, градоначалникот знае дека иако може да победи во битката, тој не може да ја добие војната.
„Ќе бидеме повтпрно нападнати од комарци кога следниот пат ќе има поплави“, рече тој.
Франција има голем проблем со комарците ова лето, поради поплавите предизвикани од јунските дождови по кои следеше врелиот јули.