По големиот успех на минатогодишниот „Сигет“ на сцената на т.н. музика од светот, организаторите немаа друг избор освен повторно да ги соберат најдобрите артисти од овој жанр. Во овогодинешната програма се вклучени популарни имиња од централна и источна Европа, а акцентот оваа година ќе се стави на артисти од Балканот, како и феноменални ска бендови. Меѓу сите најавени артисти како претставници од Македонија го имаме македонскиот рап состав „Шутка Рома Рап“. Денеска беа објавени 25 нови имиња и тоа:
Calexico | Rachid Taha | Emir Kusturica & The No Smoking Orchestra | Leningrad band | гр. Ленинград | La Pegatina | Moana & The Tribe | Mokoomba | Fanfara Tirana meets Transglobal Underground | Tako Lako | Shutka Roma Rap | Figli Di Madre Ignota | DakhaBrakha | R.U.T.A. | Warsaw Village Band | Cankisou | Söndörgő | Besh O Drom és vendégei | Parno Graszt | Pannonia Allstars Ska Orchestra | Csík zenekar és vendégei.
Исто така, да најавиме дека од наредната недела ќе започнеме со анализа на повеќето од артистите кои ќе имаме чест да ги погледнеме оваа година на 21-то издание на „Сигет“.
Николај Митрески