Петнаесет еколошки жешки точки има во земјава, од кои дури три се во Скопје. Дел од нив останаа во наследство од некогашните големи индустриски капацитети, останатите се фабрики кои се уште работат и продолжуваат со загадување на околината, информираат екологистите. Со цел да се најде решение за децениските проблеми, дванаесет граѓански здруженија од коалицијата ,,Екологијата-приоритет’’ ги повикаа идните градоначалници од 13 општини и Градот Скопје, заеднички да се заложат за решавање проблемот со загадувањето во Македонија.
Тие побараа од идните градоначалници заеднички да потпишат заложба дека доколку бидат избрани, ќе работат на решавање на најголемите еколошки проблеми или жешки точки во својата општина.
,,Стотици граѓани живеат во непосредна близина на отворени депонии со арсен. Последиците од овие хемикалии се страшни. Дополнителен проблем е тоа што никој не ги едуцира граѓаните за ваквата опасност’’, вели Искра Стојковска од невладината организација Фронт 21/42.
Izjava Iskra Stojkovska by Radio Mof on Mixcloud
Основната цел на кампањата ,,Сакаме кул градоначалници за еколошки жешки точки“, иницирана од еколошката коалиција е да ги поттикане самите градоначалници повеќе да се залагаат за екологијата и навреме да го известуваат локалното население за сагадувањето во нивната општина .
Оваа тема веќе 20 години се става под тепих во Република Македонија, обвинуваат екологистите и додаваат дека само со заеднички напори може да ги направиме потребните промени во нашата општина.
Симона Ристевска